Го бакнала своето момче и починала по десет минути: Заборавила да му каже многу важна работа за неа

Го бакнала своето момче и починала по десет минути: Заборавила да му каже многу важна работа за неа

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Овој неочекуван и многу тажен настан се случил во 2012 година кога Миријам Дукре-Лемај била на забава во Монтреал со своето ново момче.

Се било совршено, двајца млади се забавувале а потоа во еден момент завладеала тишина.
Само неколку минути откако се бакнале, Миријам почнала да останува без воздух. Според извештајот од истрагата, нејзиниот инхалатор не работел, а со себе немала лек кој би можел да ѝ помогне во вакви ситуации.

Нивната врска била свежа и Миријам не ни стигнала да му каже на нејзиното момче за алергиите, а тој ден по забавата отишле во неговата куќа. Додека таа се подготвувала за спиење, тој изел сендвич со путер од кикиритки, и си ги измил забите, но откако ја бакнал, за жал се случило најлошото...

Брзата помош пристигнала за осум минути, но и покрај обидите, Миријам починала бидејќи нејзиниот мозок останал без кислород, пишува Independent.

Секогаш живеела нормален живот, а секогаш ги имала своите лекови со себе и сите знаеле за нејзината алергија - изјавила нејзината мајка.

- Сè и одеше добро во животот, ми кажа дека се заљубила. Првпат ја видов ќерка ми со таков сјај во очите - изјави тогаш неутешната мајка.

извор:najzena

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: