Го искористила стариот лак за нокти: Девојка откри како си направила прстен од него (ВИДЕО)
Активност која ќе ти одземе многу време, но за крајниот резултат вреди...
Да, поедноставно е да одиш и да си купиш прстен, но не е во тоа поентата. Поентата е да имаш нешто да правиш кога ти е здодевно, нешто што е кул и што има поинаква активност.
Имаш стар лак за нокти кој не го користиш или имаш неколку? Еве идеја што да правиш со него кога ќе ти биде здодевно. Прстен! Не е идеја за која би се сетиле туку така, но на една девојка ѝ било. Направила видео, па по неа многумина го пробуваат ова.
На некои им успева, а на некои не. Всушност не ти треба ништ посебно. Лаковите за нокти се главни, а ќе ти треба и селотејп или слична леплива лента. И многу трпение! Бидејќи ова нема да успееш да го направиш за 10 минути. Крајниот резултат изгледа толку убаво што не е ни чудно што толку многу луѓе добија желба да го испробаат.
Во видеото во продолжение погледенете како да го изведете ова:
фото: Принтскрин / ТикТок