Го испеа пред точно 20 години: Хитот на Тамара Тодевска кој се пее нa целиот Балкан (ВИДЕО)

Го испеа пред точно 20 години: Хитот на Тамара Тодевска кој се пее нa целиот Балкан (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Тамара Тодевска е една од нашите најпознати пејачки. Неверојатниот успех кој пред неколку години го постигна на најголемото европско музичко случување „Евровизија“, сите нѐ направи горди, исто како насловот што го носеше нејзината песна - „Proud“.

Уште од своето прво појавување, Тамара постојано реди хитови. „Смешно, зар не“, „Сино“, „Немирна“, „Нејќеш да сум сама“, „Тешко без тебе“, „Тешко без тебе“... Но, една песна особено се издвојува од сите и истата постигна интернационален успех, а тоа е песната „1003“. Ја издаде во 2003 година, поточно со неа се претстави на „Будва Фест“.

Оваа песна на Тамара и ден денес е вистински хит. Ја пејат сите - млади, стари, Македонци, Срби, Босанци, Хрвати, ја пејат и нејзините колеги, но и другите познати личности. Има две верзии - македонска и српска, а стиховите се толку заразни, што уште на прво слушање ви оди да заиграте.

„1003“ се пее и на многу музички натпреварување, во кои жирито кое оценува е многу строго, со оглед на тоа дека секој член многу добро ја знае. Во „Ѕвездите на Гранд“, но и во „Ѕвездите на Пинк“ и „Ѕвездичките на Пинк“, оваа песна се изведе безброј пати, но не сите кандидати беа успешни, имаше и такви кои паднаа токму на оваа наизглед лесна песна.

Во продолжение ви ги издвојуваме најдобрите изведби, секако од сите натпреварувања:

Наталија Јоксимовиќ (Ѕвездите на Гранд)

Џејла Рамовиќ (Ѕвездите на Гранд)










Катарина Јовановиќ (Ѕвездите на Гранд) 

# Ангела Котуровиќ (Ѕвездите на Гранд)


# Божана Сациповиќ (Ѕвездите на Гранд)

 

Чија изведба најмногу ви се допаѓа?

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: