Го извлече најдоброто од онлајн наставата: Наставничката Георгина од Неготино им овозможува на учениците да го запознаат Бил Гејтс
Доколку оваа година беше како секоја нормална, учениците веќе неколку дена ќе беа во своите училишни клупи и веќе наголемо ќе почнеа да го примаат знаењето кое им го презентираат нивните наставници. Но, за жал оваа година тоа се прологираше и учебната година се прологираше и истата би требало да започне од октомври.
Додека пандемијата на коронавирусот на тапет ги стави сите недостатоци во образовниот систем, одредени наставници и провесори успеаја да се истакнат и да покажат и докажат дека онлајн наставата може да биде иднината во образованието.
Најдобар пример за ова е наставничката по информатика, Георгина Димова, која предава во основното училиште „Страшо Пинџур“ од Неготино. Таа деновиве е во центарот на вниманието поради она што им го овозможи на своите учениците - да бидат дел од онлајн часот на кој гостуваше американскиот бизнис магнат - инвеститор, филантропист Бил Гејтс, кој е најдобро познат како ко - основач на „Microsoft Corporation“.
Таа во интервјуто за Женски Магазин октри како поминала оваа средба, но исто така посочи дека запознавањето со Гејтс не е најголемото достигнување, зошто за неа најважен е моментот каде учениците се запознаваат со начинот на глоболното учење преку поврзување.
Целото интервју со професорката Димова може да го прочитате на Женски Магазин.