Го крена Дубаи на нозе: Бака Прасе ренташе автомобил вреден 150.000 евра
Не престанува да изненадува!
Познатиот српски јутјубер Богдан Илиќ или попознат како Бака Прасе моментално ужива во Дубаи, каде наводно рентал луксузен автомобил вреден 150.000 евра.
„Отиде во Дубаи со неколку другари и се забавува за сите пари! Престојуваат во еден од најдобрите хотели кој е на самата плажа, па од соба имаат прекрасен поглед на море. Што пристигнаа, Бака Прасе веднаш се пушти во потрага по рентакар, а се одлучи за еден скапоцен автомбил кој чини дури 150.000 евра, па за да го изнајми мораше да плати неколку илјади евра“ - раскажува добро известениот извор.
„Зема кола на неколку дена за да ги посети најинтересните места во Дубаи. Бака Прасе ги сврти сите шопинг центри, возеше до пристаништето. Проба коктел кој се служи во кристална чаша и чини дури 650 евра. Во тоа кафуле одат богаташите од целиот свет и е еден од најскапите во Емиратите“ - открива соговорникот за српските медиуми.