Го кријат своето вистинско лице: Познати ѕвезди кои цела кариера носат маски (ФОТО)
Некои вака се чувствуваат поудобно...
Некои познати личности, како уметници, пејачи и музичари, со години носат маски со кои го кријат своето лице. Не го прават тоа за да добијат само повеќе внимание, бидејќи некои од нив не сакаат да се носат со критиките околу изгледот.
Денес има сѐ повеќе познати ѕвезди кои своето лице го кријат под маски. Тоа најчесто се диџеи, музичари кои се занимаваат со електронска музика, но има и обични пејачи кои не сакаат да го покажат своето лице. Иако тие маски не ги носат во приватниот живот, бидејќи не би можеле да функционираат нормално со нив, тие се неизоставен дел од нивните настапи и појавувања на јавни настани.
# Сиа
Оваа позната пејачка скоро никогаш не ја симнува својата перика со која го крие лицето. Таа перика има долги шишки кои ѝ го прекриваат скоро цело лице, а причината зошто ја носи е тоа што сака да има приватност. Еднаш изјави дека не сака да се носи со критиките од страна на јавноста поради изгледот и на тој начин си ја чува сопствената приватност.
# Deadmau5
Овој познат музичар со својата маска, на почетокот на својата кариера, само сакал да се истакне во морето конкуренција. Мислел дека луѓето ќе го згрешат повеќе отколку некој што е обичен и не носи маска. Како што еднаш кажа, на публиката ѝ било чудно на почетокот, но со текот на времето сите брзо го прифатиле.
# Мајк Кендис
Уште еден диџеј со маска. Маската на Мајк Кендис е поинаква, бидејќи буквално изгледа како емотикон. Прво сакал да смисли дизајн за сопствена маска, а првата идеја за тие маски била да има змиски глави на нив. Но, на крајот се предомислил и го избрал овој, кој е многу поедноставен.
# Slipknot
Slipknot е популарен бенд кој има одлична причина зошто носи маски во текот на концертите. Имено, тие не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тоа внимание сакаат да го стават на својата музика и на своите песни, а не на соптвениот изглед, па така се „кријат“ под тие маски, само за да го насочат вниманието кон музиката.
# Маршмело
Ако некој брзо има добиено популарност и станал препознатлив по својата маска, тогаш тоа дефинитивно е Маршмело. Неговото уметничко име истовремено ја опишува и неговат амаска која изгледа како десертот „marshmallow“. Публиката брзо го засака, а долго го криеше вистинското лице.
Без оглед на нивните маски, перики и тоа што го кријат лицето, сите се одлични музичари и пејачи. Поради тоа што го кријат лицето, некои станаа уште попознати, бидејќи обожавателите ги интересира како навистина изгледаат. Не сакаат сите да го откријат вистинското лице што е во ред, особено ако музиката им е во фокусот.
фото: Принтскрин / Инстаграм