Го надмина досегашниот рекорд: Откриена вртоглавата сума која Маргот Роби ја доби за улогата во филмот „Барби“

Го надмина досегашниот рекорд: Откриена вртоглавата сума која Маргот Роби ја доби за улогата во филмот „Барби“

Објавена во: Stars // Филм

Вкупната заработка во првата недела од прикажувањето се очекува да биде околу сто милиони долари

Филмот „Барби“ излезе пред неколку дена, а на благајните на американското кино веќе собраа вртоглави 22,3 милиони долари.

Имено, оваа сума го надмина досегашниот рекорд од 17,5 милиони долари, кој го држеше „Чувари на галаксијата 3“.

Вкупната заработка во првата недела од прикажувањето се очекува да биде околу сто милиони долари што е сериозна сума на пари.

Многу се шпекулираше колку заработиле главните актери, Маргот Роби и Рајан Гослинг од споменатото остварување, а весникот „Варајети“ дознал дека актерката добила вртоглави 12,5 милиони долари, а исто толку и Рајан.

Потсетуваме дека Роби беше најплатената актерка во 2022 година благодарение на филмот на Грета Гервиг, а хонорарот ја надмина нејзината претходна најголема заработка од десет милиони долари за блокбастерот „Птици грабливки“ од 2020 година.

Фото:Tanjug/AP

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: