Го остави тимот на цедило: Џастин Бибер во одбрана на најдобрата гимнастичарка на светот

Го остави тимот на цедило: Џастин Бибер во одбрана на најдобрата гимнастичарка на светот

Овие денови на Олимписките игри се зборува само за американската атлетичарка Симон Бајлс. Девојката која многумина со право ја нарекуваат најдобрата на сите времиња гп запали светот откако среде тимското натпреварување одлучи едноставно да се откаже. Благодарение на тоа, Американките ја изгубија титулата и тоа од своите најголеми ривалки, Русинките.

Самата Симон призна дека не била посветена, туку дека одеднаш сфатила дека не ѝ е убаво и дека ѝ е најдобро да се откаже. Многу познати ѕвезди слепо ја поддржаа нејзината одлука, а тоа го направи и Џастин Бибер, кој вели дека и самиот поминал низ нешто слично. „Не се познаваме, но горд сум на твојата одлука да се повлечеш. Просто е - што би значело да го освоиш светот ако ја изгубиш душата“. - напиша пејачот во својата објава, а потоа додаде:

„Некогаш нашето НЕ е помоќно од нашето ДА. Кога она што обично го сакаш почнува да ти го одзема задоволството, важно е да застанеш. Луѓето мислеа дека сум луд што не ја завршив својата претходна турнеја, но тоа беше најдобрата одлука која можев да ја направам за своето ментално здравје. Многу сум горд на тебе, Симон Бајлс“. 


Иако тоа не е баш популарно, има и такви кои собраа храброст да го кажат она што исто така делува вистинито, а тоа е дека Симон едноставно го оставила својот тим на цедило, во моментот кога ѝ станало јасно дека поради нејзините грешки тимот не може да продолжи. Контроверзниот Пирс Морган во својот текст се прашува каква е таа шампионка која се откажува веднаш откако ќе почувствува дека нешто не е во ред. Исто така, прашање е и колку лошо се чувствувале нејзините колешки од тимот.

За жал, приказните за менталното здравје често се злоупотребуваат, што сега секој се повикува на тоа, правдајќи ја секоја своја одлука на тој начин. Тоа никако не значи дека менталното здравје не е важно - напротив, но секоја злоупотреба на ваков начин многу им штети на луѓето кои навистина имаат проблеми.


Можеби ќе ве интересира: