Го освои регионот со настапот во „Ѕвездичките на Пинк“, а еве како изгледа денес: Лена Стаменковиќ оствари уште еден свој сон (ФОТО)
Лена Стаменковиќ уште со првиот настап во „Ѕвездичките на Пинк“ ги освои срцата на публиката и гледачите, а жирото едноставно беше маѓепсано од неа...
Имено, Лена се натпреваруваше во првата сезона од ова натпреварување, во сега веќе далечната 2014 година.
Изведбата на „Ако је вредило ишта“ на Лена, многумина ја паметат и денес. Нејзиниот настап предизвика овации и во студиото.
Пејачката Гоца Тржан неколку години по напреварувањето ѝ даде шанса на Лена да гостува на еден од нејзините концерти.
„Ако не ја препознавате, ве разбирам, бидејќи ниту јас не ја препознав. Пораснала, сега е прекрасна и талентирана девојка и ќе биде мој гостин на вечерашниот концерт во Зајечар. Имам трема“ - напиша Гоца, а овој нејзин потег го пофалија многу нејзини обожаватели.
Лена по натпреварувањето оствари уште еден свој сон, поточно се испроба и во глумата. Така, таа беше дел од една театарска претстава.
фото: Принтскрин / Јутјуб