Го собори Гинисовиот рекорд: Запознајте ја девојката со најдолгите нозе на светот!

Го собори Гинисовиот рекорд: Запознајте ја девојката со најдолгите нозе на светот!

Таа официјално е и жената со најдолги нозе на светот...

Мејзи Карин, 17 - годишната тинејџерка од Тексас, неодамна собори два светски рекорди. Таа има најдолги нозе на светот и таа е тинејџерка со најдолги нозе. На првото место пред неа беше кошаркарката Екатерина Лисина чии нозе се долги 132.8 центиметри.

Мејзи е висока 208.28 центиметри, додека десната нога и е долга 134.4, а левата 135.5 центиметри.

Првпат сфатила дека има нозе подолги од на другите во 2018 година, кога не можела да си пронајде патики кои би и одговарале.

Сите членови на семејството Карин се релативно виоски, но никој не е ни близу до Гинисовиот рекорд. Кога сфатила дека се разликува од останатите решила да се пријави за Гинисовиот рекорд и многу лесно успеала да го заземе првото место.


Признава дека некогаш и е тешко да помине низ врата или да влезе во автомобил, а има и потешкотии со пронаоѓањето облека.

Оваа 17 - годишна девојка им порача на сите луѓе кои изгледаат необично да ги прифатат своите необичности и да не ги кријат, а исто така посочи дека се надева дека нејзиниот рекорд ќе ги инспирира и другите високи девојки и жени.


Можеби ќе ве интересира: