Голем кинески хороскоп за 2020: За 2 дена многу работи ќе се променат

Голем кинески хороскоп за 2020: За 2 дена многу работи ќе се променат

Глушец

Родени: 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008

Успех, приоритет и финансиска добивка се основните нешта во 2020 година. Глувците започнуваат нов циклус, што носи можност за постигнување на долгорочни цели и професионални проекти. Луѓето родени во годината на Глушецот може да очекуваат напредување на работа и зголемување на платата во 2020 година, а во април и септември ќе воспостават многу нови контакти.

Бивол

Родени: 1937, 1949, 1961, 1985, 1997, 2009

Напорната работа, фокусираноста и одлучноста ќе ви донесат успех во 2020 година. Учењето и развивањето на нови вештини, прифаќањето повеќе одговорност и вложување повеќе труд. Јуни и октомври се значајни за напредување во кариерата, но немојте да дозволите работата да ви го преземе социјалниот живот. Поминувајте време и со семејството, водете сметка за рамнотежата.

Тигар

Родени: 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010

Тигрите ќе преземат премногу товар на себе оваа година, обидувајќи се да одговорат на повеќе проекти одеднаш. Најдобро е да се биде реален за она што може да се постигне, бидејќи во спротивно следи разочарување. Нетрпеливоста и имплусивните реакции може да направат напнатост кај колегите и надредените, па така научете да правите компромиси. Неочекувани патувања дополнително ќе ви ја зачинат оваа година.

Зајак

Родени: 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011

Нови пријатели и љубовници ја карактеризираат 2020 година за Зајакот кој ќе продолжи да се бори со забрзаното секојдневние. Очекувајте многу забава и смеа. Случајна средба оваа година би можела да ве доведе до сродната душа, што би било љубов која ќе трае. Нека ви биде отворено срцето - ќе се изненадите кога ќе сфатите на кој сте му привлечни. Кога се финансиите во прашање - внимавајте. Можни се успони и падови.

Змеј 

Родени: 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012

Исполнувањето на соништата е најдобриот опис за 2020 година, бидејќу многу проекти по неколкумесечно одложување конечно се доближуваат кон крајот и тоа повеќе од успешно. Имате доволно енергија и мудрост за да се вратите на вистинскиот пат, а со својота магнетна личност ќе ги остварувате сите свои амбиции. Оваа година за Змејот ќе биде успешна и повеќе од задоволителна.

Змија

Родени: 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013

Здравје, изглед и внимание се главните работи кои ќе ви бидат во фокус во 2020 година. Ќе усвоите нов режим за да го подобрите својот изглед, но и ум, па посмирено ќе постапувате на некои стресни ситуации. Прекумерната потрошувачка е опасна можност која ве очекува оваа година, па внимателно следете ги своите финансии.


Следна страна

Можеби ќе ве интересира: