Голем успех на Европска јуниорска олимпијада по информатика: Бронзен медал за младата Сара Стефановска

Голем успех на Европска јуниорска олимпијада по информатика: Бронзен медал за младата Сара Стефановска

Македонскиот тим составен од натпреварувачите Сара Стефановска од Крива Паланка, Анита Рувинова од Охрид, Јан Стојановски од Скопје, Иван Јованоски од Прилеп и како неофицијален натпреварувач Ева Димитриевска од Куманово, на четвртата по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика, осои брозни. Овие млади и талентирани деца беа под раководство на д-р Миле Јованов и м-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. 

Поради пандемијата на коронавирус, олимпијадата се одржуваше како онлајн натпревар во Грузија, а во истата учествуваа деца до 15 ипол години кои ги покажуваат знаењета и вештините кои ги стекнале во програмирањето. 

На оваа олимпијада учествуваа 92 ученици од 27 европски држави, а интересен е фактот што во оваа исклучително силна конкуренција, за Македонија бронзениот модал го освои ученичката Сара Стефановска од Крива Паланка.

„Учениците од тимот беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, кој што редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржа по 31. пат во видоизменети услови заради актуелната пандемија. За среќа, натпреварите по информатика се одржуваат преку системот мендо.мк кој е онлајн достапен за вежбање во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи“ - посочи претседателот на ЗИМ, Јованов.

Нека ова биде мотив за младите, за уште поголеми успеси и достигнувања на било кое поле. 


Можеби ќе ве интересира: