Гордост на Македонија: Младата „Ѕвезда на Гранд“ Драгана Костова во Швајцарија ја отпеа македонската химна (ВИДЕО)
Ниту еден Македонец нема да остане имун на нејзината изведба...
Младата струмичанка Драгана Костова, македонската јавност најмногу ја забележа откако се појави во оваа сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Жирито и публиката ги освои уште од прва, првенствено со своите вокални способности, а потоа и со нејзиниот изглед и однесување.
Дека тоа ѝ донесе популарност, говори и фактот што беше повикана во Швајцарија, на Денот на лозарите да ја испее македонската химна.
Прекриена со македонското знаме, младата Драгана преку својата изведба покажа и докажа како се сака татковината.
Уживајте во нејзината изведба:
фото: Принтскрин / Инстаграм