Господин во униформа: Ана Бекута го засака во зрелите години, а погледнете како некогаш изгледал Мрка

Господин во униформа: Ана Бекута го засака во зрелите години, а погледнете како некогаш изгледал Мрка

Објавена во: Живот // Живот

Досега невидена фотографија...

Ана Бекута ужива во емотивната врска со Милутин Мркоњиќ скоро девет години.

Популарната пејачка и политичарот се заљубија еден во друг во зрелите години, а Бекута смета дека нејзиниот избраник се појавил во вистинското време.

„Се сретнавме кога требаше и кога бевме подготвени еден за друг. Мене ми требаше поддршка во форма на фигура каков што е тој. Благодарам на универзумот што Милутин е тука“ - во една прилика истакна пејачката.

Милутин во една прилика раскажа како се запознал со познатата пејачка.

„Кога ја видов Ана на концерот на Шабан, не знаев која е. Пред тоа запознав многу нејзини колешки како Цеца, Снежана Ѓуришиќ, Лепа Брена... Таква ми е работата, ни политичарите постојано се среќаваме со музичките ѕвезди, но јас со неа се немав сретнато. Таа беше во наша близина, па го прашав Шабан дали ја пее „Златиборске зоре“, инаку навистина не знаев која е таа“ - кажа Мрка и додаде:

„На забавата по концерот на Шабан, на Ана и порачав една песна и ѝ дадов бакшиш, а таа ми посочи да ја извадам бурмата. И одговрив „ќе ја извадам ако ми ги вратиш парите“ што секако, таа не го направи тоа. На тоа сите слатко се смееме и денес“.

Ана Бекута во својот избраник гледа идеален маж, а многумина не знаат каков господин бил Мрка во младоста. На популарната страница на социјалната мрежа Инстаграм се појави фотографија од Милутин од деновите кога служел војска.

„Вистинскиот маж е оној кој не посакувате да го промените и кој не се обидува да ве промени вас. Да, Милутин е човекот чии „бранови“ ги чувствувам и поради кои радосно треперам и кога не е присутен“ - поетично изјави пејачката во една прилика.

фото: Принтскрин

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: