Грета Тумберг предложена за Нобелова награда за мир

Грета Тумберг предложена за Нобелова награда за мир

Двајца шведски парламентарци предложија активистката за заштита на животната средина и борба против климатските промени, Грета Тунберг за Нобелова награда за мир за 2020 година.

Пратениците од левицата Јенс Холм и Хакан Швенлинг наведоа дека Тунберг напорно работела на тоа да ги убеди политичарите за да ги отворат очите пред климатската криза и дека нејзината борба е за почитување на Парискиот договор за клима, кој исто така е придонес кон градењето на мир, пренесува АП.

17 - годишната Тунберг е позната по тоа што ги охрабруваше учениците да си одат од училиште и да им се придружат на протестите во кои се бара брза реакција на климатските промени, тоа движење се прошири ширум светот.

Таа го основа движењето „Петок за иднина“ кој инспирираше бројни акции кај младите ширум светот.

Можеби ќе ве интересира: