Група девојки со часови малтретирале врсничка: Ѝ ја палеле косата и ѝ удирале шлаканици (ВИДЕО)
Вознемирувачко видео од малтретирање малолетничка...
Без разлика дали сте дете или родител, врсничкото насилство е нешто за што секој мора да се интересира. Стана сериозен проблем во нашето општество бидејќи денес е многу често, а изгледа како да нема подобрување.
Сега се појави едно многу вознемирувачко видео, на кое 13-годишно девојче е нападнато од страна на неколку осомничени малолетни девојчиња на возраст од 14 до 17 години во Хајде, Германија.
Врнисничките го тепале девојчето, а потоа му ја палеле косата и му гаселе цигари на лицето. Девојчето ги молело да го остават на мир, но како што се гледа на видеото, насилчниците не престанувале со малтретирањето.
Групата девојки ја нападнале својата врсничка од засега непознати причини. На видеото се гледа и како девојката седи на тротоар со црвена маица, додека малтретирањето продолжува.
Насилничките ѝ ги земале јакната, џемперот и очилата. Потоа ја плукале и ѝ удирале шлаканици со часови.
Врсничкото насилство е огромен проблем, на кој треба многу посериозно да се гледа, бидјеќи ова не е обична детска кавга и игра. Ваквите ситуации оставаат последници и сериозни трауми за жртвата.
фото: Принтскрин / Фејсбук