Гудељ испрати специјален подарок за малиот Жељко и близнаците: Анастасија се пофали на Инстаграм (ФОТО)

Гудељ испрати специјален подарок за малиот Жељко и близнаците: Анастасија се пофали на Инстаграм (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Жељко и близнаците позираа во дресовите од фудбалскиот клуб „Севиља“...

Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ се врати од Шпанија, каде живее нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ и донесе посебни подароци за малиот Жељко и близнаците, Илија и Петар.

Анастасија на својот Инстаграм профил објави фотографија од малиот Жељко и близнаците, додека момчињата позираа во дресовите.

Жељко и близнаците позираа во дресовите од фудбалскиот клуб „Севиља“, за кој моментално игра момчето на Анастасија.

Очигледно е дека ова е подарок од Немања за најмладите членови на семејството Ражнатовиќ, а на дресовите кои ги носеа момчињата беа испишани нивните имиња: Жељко, Илија и Петар.

„Колку се слатки, браво за зетот“, „Прекрасни деца, малиот Жељко е многу сладок“ - се само некои од коментарите.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: