Хајли Бибер признава: Џастин имал многу полошо детство од мене
Џастин и Хајли Бибер немаат никаков проблем со тоа да ги споделуваат информациите од приватниот живот со јавноста - во разни интервјуа и документарни емисии тие зборуваат за предностите и маниите на бракот, но и за тоа дека се навикнуваат на тој начин на живот и дали се сомневале во успехот на својот брак. Хајли и самата често знае да каже дека не била сигурна кога се одлучила за брак со Џастин и дека имала сомнежи, но овој пат за „Vogue India“ раскажа во што се разликувал нејзиниот и животот на Џастин во минатото.
Првенствено да ве потсетиме дека Џастин и Хајли уште од мали нозе се изложени на јавниот живот, но Хајли истакнува дека таа била изложена на еден сосема поинаков начин и дека многу „понормално“ можела да живее за разлика од Џастин. „Да бидам искрена, немам чувство дека некогаш сум била навистина позната. Секако дека мојот татко е познат актер, но не можат ниту да го споредам своето растење со она на Џастин, тој имал многу полудо искуство од мене со растењето под рефлектори“ - признава Хајли за растењето, кој е многу важен дел од градењето на личноста и сигурно е дека влијае на човекот и подоцна, па во таа смисла на Џастин му е многу потешко.
„Јас имав можност да водам обичен живот, да добијам возачка дозвола како обична девојка и обично да растам се до последните три години“ - смета Хајли и е горда што нејзиниот татко ја воспитал така.
Хајли за Фејсбук серијата за неа и Џастин се присети и на нивниот прв бакнеж - Хајли тогаш имала 17 години и донекаде нормален живот: „Бевме на вечера во Њујорк, потоа бевме да гледаме филм и таму се бакнавме“.
Може да ве интересира:Комбинација на денот: Хајли и Џастин Бибер стилизирани за десетка