Хајли Бибер се закани со тужби: На тапет е личноста која шири лажни информации за нејзините пластични операции
На Хајли коментарите за нејзиниот изглед воопшто не и се допаѓаат...
Хајли и Џастин Бибер неодамна се закануваа дека ќе го тужат хирургот од ТикТок, кој на својот профил зборува за пластичните операции на познатите.
Имено, естетскиот хирург од Беверли Хилс, Даниел Барет на својот ТикТок профил објави видео во кое зборува за тоа дека мисли дека Хајли била под нож. Во видеото истакнува дека смета дека Хајли ги оперирала носот и брадата, дека ги зголемила усните и направила уште неколку зафати за да го постигне моменталниот изглед. Видеото за кратко време е прегледано повеќе до 600 илјади пати, а таквото внимание на Хајли не и се допадна. Во веста која ја пренесува Е! News соти дека Хајли и Џастин наводно ќе го тужат хирургот поради „користињето на нејзините фотографии, име и лик поради самопромоција и ширење на лажни и непотврдени тврдења дека госпоѓа Бибер имала пластични операции“.
@barrettplasticsurgery Is it too late now to say sorry...##greenscreen ##plasticsurgeon ##inyourface ##beautyhacks ##fyp ##secrets ##haileybieber ##foryou ##spillthetea
original sound - barrettplasticsurgery
Освен тоа, хирургот во описот на видеото напишал „is it too late now to say sorry...“, што е дел од текстот на една од песните на Џастин, па му се заканува и тужба за неовластено користење на текст од заштитена авторска песна. Иако двојката Бибер се уште нема дадено официјална изјава, Хајли минатата недела јасно даде до знаење дека и пречат коментарите на сметка на нејзиниот изглед.