Хакери украдоа полуголи фотографии од Ариана Гранде: Пејачката ја обвинуваат дека ги објавила сама
Скоро сите ѕвезди користат „Apple“ телефони, што изгледа ги прави прилично лесна мета за хакерите. За жал, нивната најнова жртва е Ариана Гранде на која ѝ влегоа на профилот на iCloud и од него извадиле многу материјали. Тоа вклучува делови од нејзините необјавени песни, но и интимни фотографии кое веројатни никогаш не би требало да ги видиме.
According to Ariana Grande's team, her iCloud has been hacked. Strangely enough the hacker’s address points to Camila Cabello's house in Hollywood Hills, LA. pic.twitter.com/wCjq7MhslU
— andrew (@bqbyIoves) July 29, 2021
Како што можете да видите на фотографиите, тие се направени минатата година, за време на фотосесијата на пејачката за албумот „Positions“. Ниту една од фотките не е премногу експлицитна, иако на нив таа е со голи гради. Сепак, таа ги покрива или со долгата коса или со рацете. Во моментов не е познато каков материјал е украден од Ариана, и колку може да ѝ наштети на нејзината кариера, но и на неа лично. За жал, многумина дури и ја нападнаа Ариана, велејќи дека сама ги објавила фотографиите, се со цел дополнително да го промовира својот нов парфем, „God Is a Woman“. Се разбира, нема потреба да се објаснува колку е бесмислено сето ова.
Кражбата на личните податоци обично е кривично дело, така што доколку бидат фатени хакери, ќе се соочат со неколку години затвор. Нема сомнение дека Ариана ќе направи сѐ за тие да го добијат она што го заслужуваат! Самата Ариана не се огласува за сево ова, а интересно е и тоа што големите медиуми молча, како да им е наредено. Секако, нема да ги објавиме голите слики на пејачката во знак на почит, иако е речиси невозможно да се запре нивното ширење на Интернет.