Хана одбројува: 6 часа не делат од Евровизиската
Пејачката Тамара Тодевска за околу 6 часа премиерно ќе ја претстави песната "Proud", со која ќе ја претставува Македонија на Евровизија. На оваа песна работеа неколку познати музичари, а зад текстот стои авторот Коста Петров.
Освен целата македонска јавност и малата Хана едвај чека премиерно да ја чуе песната на мама Тамара. Пејачката објави стори на Инстаграм, а во него Хана ја игра главната улога и гордо во раце го држи насловот на евровизиската песна.