Харвард и уште 26 факултети го сакаат овој матурант: Доби над 4 милиони долари во стипендии
Матурантот Џонатан Вокер прославува откако доби известувања дека е примен на 27 колеџи и универзитети, вклучувајќи ги Харвард, Стенфорд и МИТ. Освен тоа, доби повеќе од 4 милиони долари во стипендии.
„Беше изненадување да се види дека сите биле заинтересирани за мене и дека сакаат да ја посетувам нивната институција, дека ми нудат прием“ - кажа Вокер во интервју за АБЦ Њус.
Вокер, матурант од Панама Сити на Флорида, кажа дека на секој од факултетите пронашол нешто што му се допаѓа и се пријавил само во оние на кои би можел да биде „среќен“.
„Се видов во секој од факултетите на мојата листа и не се пријавив некаде каде што мислам дека не би бил среќен. Едноставно направив листа и почнав да се пријавувам“ - кажа Вокер.
Сега кога има голем избор од 27 факултети вели дека се обидува да одлучи на кој ќе го продолжи своето образование.
„Воглавно сум заинтересиран за инженерство, како и за претприемништво. Исто така, ја истражувам можноста да создадам сопствен смер, бидејќи имам многу различни интереси“ - кажа Вокер, а потоа продолжи:
„Пред неколку години родителите ми донесоа сет од хемија... Најдов начин да ја пренасочам таа љубопитност во науката која набрзо процвета во инженерство. И тогаш научив дека можам да го користам инженерството за да им помагам на луѓето. И така се заинтересирав за создавање уреди кои би можеле да им помогнат на ранливите заедници и на луѓето кои се соочуваат со тешки проблеми“.
Додава дека со партнерот работи на уред за зглоб кој на слепите и глувонемите личност ќе им во овозможи подобра комуникација со луѓето.
Претходно создал уред кој ги потсетува корисниците на лековите.
Вокер е активен во научниот клуб, меѓународната програма за матура и универзитетската фудбалска репрезентација.
фото: Принтскрин / Инстаграм