Хејли Бибер предизвика вистинска расправа: Обожавателите мислат дека го изневерува Џастин Бибер? (ВИДЕО)
Обожавателите полудеа по неодамна објавеното видео на ТикТок, поради кое многумина мислат дека Хејли Бибер се обидува да флертува со мистериозно момче, додека нејзиниот сопруг е веднаш зад неа.
Луиз Матос е името на главниот лик во неодамнешното видое на ТикТок, за кој многумина мислат дека е личноста на која Хејли Бибер фрлила око. Шпекулациите доаѓаат по објавувањето на видеото во кое некој го уловил моментот во кој Хејли полека ја поместува раката кон Луиз, додека тој се прави дека не забележува. За работите да бидат уште понапнати, на видеото се гледа изразот на сопругата на Џастин, која, како да се обидува да флертува, но се плаши бидејќи околу половината ја држи нејзиниот сопруг.
@noticiasfamosos_0 ??! Justin y Hailey en el envento Moncler#justinbieber #haileybieber #moncler #bodyguard #parati #fy #fyp Oh no, oh no, oh no, no no - Hip Hop
Обожавателите започнаа расправа бранејќи ја Хејли дека по долгогодишната „љубов од детството“ посакала „сериозно месо“, други пишуваа дека тоа е сосема природно жената да бара внимание, додека некои пишуваа дека споменатиот лик е геј.
Родениот Бразилец, кој на патот да стане адвокат, сосема случајно завршува во модната индустрија, а денес е помеѓу водечките имиња во тој сектор. Личноста од сенка е всушност агент за модели, главен столб во модната индустрија со кариера која трае повеќе од две децении. Одиграл важна улога во обликувањето на кариерата на некои од најуспешните модели на денешницата, како Џиџи Хадид, Бела Хадид, Девон Виндзор и неодамна стана агент на Хејли Бибер.
„Создавајте врски, склопувајте пријателства и нурнете во сите аспекти на бизнисот за да имате ресурси и да се поврзете со сите - фотографи, нови дизајнери, уредници, стилисти“ - е еден од поважните совети што тој ги споделува кога е во прашање успехот во модната индустрија.
Времето ќе покаже дали се работи само за флерт или само како манекенка сакала да му го привлече вниманието.
фото: Принтскрин / ТикТок