Хит фотка од детството: Вака изгледала Јелена Ѓоковиќ како девојче

Хит фотка од детството: Вака изгледала Јелена Ѓоковиќ како девојче

Заедно со фотографијата го сподели и споменот на среќни и убави денови

Јелена Ѓоковиќ ги покани своите следбеници на социјалните мрежи да се потсетат на најубавите спомени од нивното детство. Нејзината фотографија, од времето кога била девојче, ѝ дала идеја за тоа.

Слатката мала русокоса, која со задоволство летувала во Љиг, немаше поим дека целиот свет ќе знае за неа неколку децении подоцна.



- Најубавите спомени од детството ме поврзуваат со времето поминато со баба и дедо во Љиг. Летните одмори ги поминував таму покрај базенот и се сеќавам на таа среќа и радост кога ќе ја видев баба ми како носи корпа полна со крофни и кифлички за да јадеме за ручек. Така во еден миг ќе ги изедевме и ќе викневме „Бабо, има ли уште“- напиша таа.

Скромна како и секогаш, Јелена ги воодушеви своите следбеници, а нејзините обожаватели коментираат дека таа со својата скромност ја заслужила сета радост и благосостојба што денес ја има со Новак.


Можеби ќе ве интересира: