Хит сцена: Бресквица на настап се појавила со маица со ликот на Дара Бубамара (ФОТО)
Пејачката откри и што мисли за постарата колешка...
Анѓела Игњатовиќ Бресквица, пејачката која е неверојатно популарна помеѓу помладата генерација, ги полни клубовите каде и да се појави, а еден од нејзините последни настапи предизвика големо внимание кај јавноста и тоа поради нејзината модна комбинација.
Имено, Анѓела на настапот носеше маица со ликот на Дара Бубамара, за што пејачката особено се израдува.
Дара на Инстаграм објави видео од споменатиот настап, а Бресквица истото го репостираше, а потоа ѝ додели комплименти на пејачката.
„Дара божица“ - напиша Бресквица, додавајќи емотикони срциња.
За потсетување, Бресквица по разделбата со Михајло Веруовиќ Војаж започна соло кариера, а секоја нејзина нова песна беше дел од трендинг листата на Јутјуб. Таа и се заљуби, па така веќе две години ужива во врската со припадник на интервентната единица, Никола С., со кој започна и заеднички живот, а неодамна откри и дека тој е момче за кое би се омажила.
фото: Принтскрин / Инстаграм