Холувудските ѕвезди паднаа во сенка: 8 турски актери за кои полудеа девојките ширум светот (ФОТО)
Тие толку се истакнаа со својот талент и изглед што ретко кој може да им одолее...
Турските актери важат за големи заводници и поради тоа околу нив секогаш има голем број обожавателки. Кај нас овие актери станаа популарни кога турските серии започнаа да се емитуваат на нашите национални телевизии, а некои од нив се популарни и кај девојките ширум светот.
Погледнете поради кои 8 турски заводници девојките ширум светот лудуваат:
# Шукру Озилдиз
Актерот и модел Шукру Озилдиз е еден од најголемите заводници во Турција, пишуваат медиумите. Висок е 190 сантиментри и има 34 години, а секој пат кога ќе објави фотографија на Инстаграм, во коментари може да се најдат само комплименти.
# Екин Мерт Дајмаз
Овој актер првпат се појави во 2014 година и од тогаш само реди успеси и постојано добива нови улоги. Покрај глумата, негова голема желба е да стане тренер и фитнес инструктор. Екин исто така студира во Истанбул.
# Џан Јаман
Џан Јаман, кој многумина го нарекуваат „турскиот Џејсон Момоа“, е роден во Истанбул, во 1989 година, а корени влече од Косово и Македонија. Како што е познато, тој е еден од омилените актери во Турција, а и во светот.
Моментално времето го поминува во Италија, гради кариера и работи на многу проекти. Покрај глумата, важно е да се спомене дека тој е дипломиран правник и дека неколку години работел по струка.
# Берк Атан
Овој актер покрај бројните ангажмани во сериите и филмовите во последно време добива и бројни понуди да работи како модел за луксузни брендови.
Од детство се занимава со спорт, како и целото негово семејство, а кариерата во фудбалот ја оставил поради глумата и моделството.
# Дениз Кан Акташ
Ова момче работи на бројни проекти. Пред да зачекори во актерскиот свет, Акташ завршил студии за бродоградба и машинско инженерство во Истанбул. Глуми и во театар, а последна улога му беше онаа на Ромео во „Ромео и Јулија“.
# Енгин Акјурек
Овој актер е еден од омилените турски уметници. Тој глумеше во некои од најгледаните турски проекти, како што се „Ќерката на амбасадорот“ и „Изгубена чест“.
Има многу строг режим на вежбање и тоа се гледа по неговиот изглед. Дипломирал историја, пишува книги, а сѐ повеќе го интересира идејата за режија и пишување сценарија за серии.
# Ибрахим Челиккол
40-годишниот актер обожува спорт и ужива во спортските активности. Она што е евидентно е дека Ибрахим е во одлична форма. Познат е по улогите во сериите „Ифет“ и „Милост“.
Своите мускули, но и интензивната и напорна работа на нив, Челиккол редовно ги прикажува на социјалните мрежи. Само на Инстаграм го следат повеќе од 2 милиони луѓе.
# Толгахан Сајишман
Толгахан е голема ѕвезда во Турција и актер кој сите го опсипуваат со комплименти. Овој 40-годишен актер отсекогаш бил во завидна форма, а со оглед на тоа што глумеше боксер во серијата „Шампион“ и интензивно се подготвуваше за таа улога, не е ни чудно што изгледа феноменално.
Толгахан, публиката го обожаваше и во серијата „Забранета љубов“ во која ја имаше главната улога, а интересно е што на овој турски актер и модел, прва партнерка му беше Емина Јаховиќ.
фото: Принтскрин / Инстаграм