ХОРОСКОП: Октомври во знакот на голема животна среќа

ХОРОСКОП: Октомври во знакот на голема животна среќа

Објавена во: Живот // Живот

Овен (21.03.-21.04.)

  • Работа: Ненајдени пресврти и многу тензија, но сепак ќе имате успех во работата.  Ќе ја добиете потребната финансиска поддршка за новите идеи и проекти.
  • Љубов: Вашата моќ и заводливост ќе бидат изразени. Пред вас се прекрасни авантури и би било штета да го пропуштите поволниот период. Овните во стабилните врски ги очекува тежок период во кој лојалноста на партнерот може да дојде до искушение.
  • Здравје: Внимавајте на повреди.


Бик (21.04-21.05)

       Работа: Ве очекува напнат октомври и многу работа.

  • Љубов: Овој месец, вашата љубов ќе доживува интересни амплитуди. Ќе бидете во дефанзива, а потоа во офанзива на полето на љубовта. Голем број на Бикови ќе се вљубат.
  • Здравје: Пазете се од ненадејни акутни состојби, особено на грлото и крајниците. Исто така постојат опасности од повреди, па бидете внимателни со ракување со остри предмети.


Близнаци (22.05.-21.06.)

  • Работа: Најлошиот период почнува да завршува. Ако успеете да си ги средите желбите и мислите, ќе имате добри можности за бизниси.
  • Љубов: Поволен период со бурен социјален живот и неможност да се одолее на искушенијата. Ќе оставите добар впечаток на некој Овен, Стрелец или Водолија. Доколку сте во комплицирана врска, средете си ги несогласувањата со партнерот
  • Здравје: Главоболки.


Рак (22.06.-22.07.)

  • Работа: Пред вас е динамичен месец. Ова ќе биде месецот во кој сите комплексни слоеви на вашето лице ќе дојдат до израз, па ќе бидете длабоко емотивни, посветени, спиритуални, авангардни. Некои ќе се сеќаваат на деновите исполнети со штета и загуба.
  • Љубов: Вашата љубов ќе доживува амплитуди и падови. Можни се ненадејни пресврти. Внимавајте што зборувате. Односот со планетите ќе биде многу интензивен.
  • Здравје: Генерално добро.


Лав (23.07.-23.08.)

  • Работа: Ќе имате доста среќа во работата. Ќе бидете во можност да управувате со сите свои одлуки и движења.
  • Љубов: Се наоѓате во многу изразен период на љубов. Силните аспекти на моќните планети ја разбудуваат вашата љубовна инспирација. Ако сте во лабава љубовна врска, можни се прекини и расправии.
  • Здравје: Многу добро, внимавајте на воспаленија.


Девица (23.08.-22.09.)

  • Работа: Првите 5 дена од втората половина на месецот ќе бидат тешки. Ќе губите многу сила и енергија и ќе донесувате погрешни заклучоци.
  • Љубов: Во бтората половина на месецот тешко ќе ја реализирате љубовта и погрешно ќе ги толкувате сигналите. Сепак, кон крајот на на месецот ќе запознаете нова личност со која можете да започнете врска.
  • Здравје: Внимавајте на повреди.


Вага (23.09.-23.10.)

  • Работа: Ќе мора да се докажете на работа. Ако планирате битни состаноци месецов, сторете го тоа што поскоро.. До крајот на месецот ве очекувааат многу нервози и напорна работа.
  • Љубов: На средината на месецот ќе бидете инспирирани од љубов, а ќе чувствувате вистинска љубов, по што ќе следува неизбежното разочарување. Кон крајот на месецот ситуацијата ќе се стабилизира.
  • Здравје: Внимавајте на хроничните болести.


Шкорпија (23.10.-22.11.)

  • Работа: Октомври ќе го поминете брзо и динамично, но не и удобно. Ќе имате помали материјални загуби.
  • Љубов: Овој месец ќе бидете инспирирани за љубов. Ќе имате авантури. Свесни сте за своите моќи, сепак ќе морате да ги надминете одредените несогласувања со партнерот.
  • Здравје: Генерално добро.


Стрелец (22.11.-21.12.)

  • Работа: Вашата ситуација почнува да се стабилизира. Повеќе ги нема директните лоши аспекти и ќе започнете со планирање на нови проекти.
  • Љубов: Во љубовта, ситуацијата не ви е наклонета. Ако сакате на партнерот да му кажете нешто битно, не чекајте. На пат сте кон квалитетно подобрување во сите аспекти.
  • Здравје: Добро


Јарец (22.12.-20.01.)

  • Работа: Ќе мора да ги научите вештините на адаптација и компромис. Тешкотии на работното место се најавуваат до крајот на месецот, кога ќе бидете емотивно предизвикани.
  • Љубов: Ќе бидете под силен емотивен стрес кој, најверојатно, нема да донесе никакви промени.
  • Здравје: Генерално добро. Внимавајте на кондицијата.


Водолија (20.01.-19.02.)

  • Работа: Месецот ви започна енергично и ќе трае се до средината на месецот, кога ситуацијата ќе се смири.
  • Љубов: Ќе имате потреба за авантура заради желбата за емотивното исполнување. Ова ќе биде најсилно кон крајот на месецот. Не сакате сериозна врска.
  • Здравје: Повреди.


Риби (20.02.-20.03.)

  • РаботаОлеснување и ослободување од проблемите првенствено на менталниот план. Очекувајте полесен октомври и подобра финансиска состојба.
  • Љубов: Ве очекува смирување. Ќе имате можност да ги елиминирате негативните гласини за вас. Романтична инспирација и појаки љубовни предизвици ве очекуваат после 20 октомври, кога ќе бидете пожелна личност во очите на оние кои ве гледаат.
  • Здравје: Рехабилитација и подобрување на вашето здравје

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: