Хороскопот открива: Која серија треба да почнеш да ја гледаш?
# ВАГА - „Skins“
Кога станува збор за серии, овој знак сака некоја што ќе биде тематски блиска со него, а „Skins“ можеби не е една од оние со чии ликови ќе се идентификувате, но е одлична серија за млади што дефинитивно треба да ја ставите на вашата листа.
# ШКОРПИЈА - „Vikings“
Иако сакаат да гледаат и добра комична серија, Шкорпиите секогаш ќе претпочитаат некоја чија тема не е толку среќна. Онаа би му се допаднала на овој знак е „Vikings“. Има добри борби, љубовни врски и многу Викинзи, а тоа на Шкорпијата и е повеќе од доволно.
# СТРЕЛЕЦ - „Tiny Pretty Things“
Стрелците сакаат да останат во чекор со новите серии, а една нова што можеби ја пропуштиле е и оваа. Станува збор за балетско училиште, каде не недостасува драма, мистерија, натпревар, но и добар танц.
# ЈАРЕЦ - „Riverdale“
Вистинска тин - серија која нема да разочара никого, а особено Јарецот е „Riverdale“. Комбинацијата од авантура и романса е рецепт за супер серија според барањата на Јарецот, а оваа го има сето тоа во големи количини.
# ВОДОЛИЈА - „Queen's Gambit“
Водолиите сакаат да размислуваат надвор од рамките и се луѓе кои го ценат квалитетот. Тие повеќе сакаат да гледаат пократки, но „wow“ серии, отколку некоја што има многу сезони и која не е толку добра што ќе ги воодушеви. Онаа што сигурно ќе и биде по вкус на Водолијата е „Queen's Gambit“, која е одлична во секој поглед.
# РИБА - „Once Upon A Time“
Сонувачите Риби сакаат кога сериите и филмовите ги водат во друго време и простор. Овој знак е голем љубител на бајките, а една серија што ќе ја задоволи нивната страна од соништата е „Once Upon A Time“, која е одлична комбинација на сите познати бајки од детството, сместени во реалниот свет.
фото: shutterstock