Храбар потег: Селена проговори за својата болест

Храбар потег: Селена проговори за својата болест

Објавена во: Stars // Музика

Мајли Сајрус веќе неколку недели секојдневно води емисија преку Инста live, каде разговара со многу познати пријатели. Само некои од познатите личности со кои разговараше досега се Деми Ловато, Емили Осмент, Хилари Даф, а кај неа душата си ја отвори и пејачката Селена Гомез.

Додека Деми Ловато на следбениците им испрати порака за важноста за прифаќањето на себе си и сопственото тело, а Емили Осмент одговори на неколку прашања за снимањето на серијата „Хана Монтана“, Селена Гомез кај Мајли отворено проговори за многу сериозна тема.

Како што пишува Cosmopolitan, Селена кај Мајли зборуваше за тоа како неодамна посетила една од најдобрите болници за психички болести во Америка, каде и било дијагностицирано биполарно пореметување.

Во разговорот со Мајли, Селена откри како ова откритие истовремено ја шокирало, но и многу работи и олеснило.

„Се чувствував преплашено, но ми олесна, бидејќи конечно сфатив зошто толку години имав проблеми со тегобиите и депресијата“ - раскажа храбро Селена.

Исто така додаде дека никогаш немала доволно знаење за оваа болест, како ни одговори на многуте прашања поврзани со нејзиното психичко здравје кои ја мачеле.

„Драго ми е што сега конечно може отворено да зборувам за проблемот за кој во општеството се уште не се зборува доволно“ - заклучи Селена.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: