Хуман потег на Александар Матовски Цако: Ја донираше косата за децата болни од рак (ФОТО)
Александар Матовски, момчето познато како Цако, кое има Даунов синдром, не престанува да ѝ држи лекции за хуманост на јавноста.
Покрај многуте хумани акции кон кои се има приклучено, сега Цако направи уште едно добро дело. Имено, тој долго време ја чуваше својата коса, за сега да може да ја донира за децата болни од рак.
„Голема благодарност и до Александар Матовски за донираната коса. Мило ни што во нашата акција освен од општина Битола ни пристигнуваат донации од цела Македонија“ - напишаа од добротворната организација „Сите заедно во борба со канцерот“, каде објави и фотки од косата која Цако ја донирал.
И тој ја сподели оваа објава на својот профил, а нема ни зошто да не го направи тоа, бидејќи треба да биде горд на своето хумано дело.
фото: Принтскрин / Фејсбук