И мене многу луѓе ме повредиле: Антониа Гиговска никогаш поискрена
Во моментов пејачката Антониа Гиговска е навистина актуелна, што во поглед на промена на имиџот, што со предизвиците кои ги прави на социјалните мрежи. Но, не се сите ги поддржуваат нејзините одлуки и промени, а на оваа тема пејачката си ја отвори душата.
Имено, таа на Инстаграм сподели фотографија, покрај која напиша текст од срце, во кој посочи дека е свесна за нејзините несовршености и за тоа дека не може да ја сакаат, но дека на крајот од денот е благодарна што покрај себе има луѓе кои искрено ја сакаат и поддржуваат.
„И јас имам денови кога плачам. И јас имам чувство дека сите се против мене. И јас имам чувство дека што и да направам не ви се допаѓа. И јас имам чувства исто како и вас. И мене ме повредиле многу луѓе. Вчера бев ,,плава". Денес розева. Утре ќе бидам зелена. Задутре црна. Негативни коментари има секој ден. Мојата боја на коса не му се допаѓа на секого, моите песни, текстови, мојот стајлинг, мојата килажа.“ - вака го започна своето обраќање младата пејачка, а потоа продолжи:
„Сега сум дебела, утре ќе бидам слаба. Ја прифаќам Антониа таква каква што е. Сега. Утре. За година. Многу луѓе не ме сакаат. Многу луѓе се среќни кога плачам, многу луѓе чекаат било каков момент да кажат или напишат нешто лошо за мене. Некогаш треба да си ја запознаете својата вредност. Само така ништо нема да ве допре. Така и мене. А можеби треба да го почуствувате тоа. Фала му на Господ, па имам сѐ што ми треба. Моите најблиски, тимот, љубов и вас фановите. Доволно е. Ве сакам.“