И нанел тешки телесни повреди: Скопјанец удрил малолетничка и избегал
Дваесет и осум годишник од Скопје, удрил во малолетно лице и избегал од местото на настанот, завчера, информира полицијата.
Според информациите во билтенот, настанот се случил по 18 часот на улица Лазо Трпковски.
28 годишникот управувал БМВ, а малолетничката завршила во градската болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди.