И покрај поразот испиша историја: Калин Ивановски ги освои сите љубители на Вимблдон
Деновиве се одржува најголемиот и најпрестижен Грем Слем тениски турнир - Вимблдон...
Фаворит за победа оваа година е првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ, но оваа година и Македонија има причина плус за да ги гледа натпреварите од овој реномиран турнир. Имено, младиот и талентиран тенисер, Калин Ивановски се натпреварува во јуниоркса конкуренција и со одличната игра обезбеди пласман во осминафиналето.
Ивановски до осминафиналето стигна со две победи, од која победата од 2:0 против Едис Бутвилас беше клучна.
Ова 17 - годишно момче денес го играше својот трет натпревар против Британецот Џек Пинингтон Џонс, кој е седми носител на турнирт и важи за најдобар млад тенисер на британскиот остров. За жал, Калин го изгуби овој натпревар со резултат 2:0 во сетови.