И познатите ѕвезди имаат идоли: Видете ја реакцијата на Тејлор кога го запознава Џастин Тимберлејк

И познатите ѕвезди имаат идоли: Видете ја реакцијата на Тејлор кога го запознава Џастин Тимберлејк

Објавена во: Музика, Филм

Иако се познати ѕвезди за кои полудува целиот свет, на крајот од денот, нашите омилени актери и пејачи се само обични луѓе.

Некои од нив растеле со музиката, филмовите и сериите со кои растевме и нив. Подоцна, кога не ни сонувале, успеале да се прослават и да се вивнат помеѓу ѕвездите. Покрај тоа, некои од нив и понатаму имаат свои идоли од истите индустрии.

На многумина од нив пример во животот се уште им се актерите и пејачите од „старата гарда“. На пример пејачката Деми Ловато отсекогаш била обожавател на Кристина Агилера, додека пак Ариана Граде му се воодушевува на Џим Кери. На актерката Емилија Кларк најголем обожавтел ѝ бил Ник Џонас, додека Џенифер Лоренс полудувала по Мет Дејмон.

Но, што се случува кога „новопечените ѕвезди“ ќе ги запознаат своите познати идоли и како реагирале во таа ситуација? Одговорите на овие прашања ги имате во видеото во продолжение:


Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: