И ти можеш да изгледаш фит: Како изгледаат тренинзите на згодните модели?

И ти можеш да изгледаш фит: Како изгледаат тренинзите на згодните модели?

Летото доаѓа, а за вежбање и доведување до топ форма никогаш не е доцна...

Доколку си зададе предизвик дека ова лето ќе изгледаш фит, можеби не ти е лоша идејата да ѕирнеш во начините на вежбање на светски познатите топ модели. Малку истраживме и дознавме како изгледаат нивните тренинзи.

Што прават тие за да изгледаат фит? Со текот на време скоро сите во интервјуа или пак на социјалните мрежи го открија овој дел од својот живот.

# Шанина Шаик

Австралискиот модел Шанина Шаик изгледа одлично благодарејќи на комбинациите на различните облици на вежби за телото. Во неколку интервјуа спомена дека при обликувањето на телото и одржувањето на формата најмногу и помагаат пилатесот и танцувањето. Веднаш ги забележува резултатите кога се занимава со некоја од овие активности. Но, секако тоа не е се. Најмногу од вежбите кои ги изведува се оние кои се фокусирани на јакнењето и тонирањето на мускулите. Иако има личен тренер со кој работи, со оглед на тоа дека често патува ги следи и вежбите на Мелиса Вуд Теперберг и Меган Руп. Вежба 3 или 4 пати неделно, но тогаш дава апсолутно се од себе.

# Кендал Џенер

Кога и е здодевно дома, Кендал има мала рутина од 11 минути која ја прави. За оваа рутина не ти е потребна никаква дополнителна опрема, како ни посета на теретена. Обожава да работи на своите мускули, а оваа кратка рутина некогаш ја прави и додека гледа телевизија. Во многу интервјуа сестрите Кардашијан - Џенер открија дека вежбаат 6 од 7 дена во неделата и тоа по час и половина, имаат домашни теретани, секоја свој личен тренер... Кендал не сака да открива толку информации за личниот живот како нејзините сестри, но сепак во една прилика сподели како изгледа нејзиното 11 - минутно вежбање. Многумина се снимаа веќе како тоа изгледа, а има и видео и на нејзиниот официјален Јутјуб канал.


# Андриана Лима

Ангелот на Викторија сикрет, Андриана Лима на многумина им е пример кога е во прашање изгледот, а јасно е и зошто - совршена е. Еден од најпознатите модели на светот ги откри сите свои тајни, а на нас е само да започнеме. Има многу строга рутина и не дозволува ништо да и промакне. Вежба секој ден, а најдраги и се физичките активност како бокс, скокање на јаже и кревање тегови. Толку многу го сака боксот што занимавањето со овој спорт е 80% од нејзиниот тренинг. За Јутјуб каналот на Викторија сикрет пред многу години сними видео во кое покажува како изгледа нејзината подготовка пред модните писти.


# Бела Хадид

Сестрите Хадид се пробија во светот на моделингот и станаа едни од најбараните модели. Бела изгледа топ, а како го постигнува тоа? Вежба секој ден по два часа, а прави комбинација од бокс и кардио тренинг, вежби за задникот и вежби за зацврстување на стомачните мускули. Кога вежба, тогаш вежба и не застанува. Како и Андриана Лима и Бела тврди дека занимавањето со боксот е она што е тајна на нејзиниот изглед кога е во прашање вежбањето. Дури и кога не и се оди во теретана и не и се прават стандардните тренинзи со личниот тренер, боксот не го прескокнува. Тренинзите почнуваат со 20 - минутно трчење. Потоа следи бокс, па серија вежби за мускулите и нозете. Рутината не и е иста од ден во ден, за да и биде вежбањето позабавно.

# Роми Стрејд 

24 - годишната Роми Стрејд можеби не е име кое на сите ќе им текне кога треба да се сетат на познати модели, но таа е уште еден ангел на Викторија сикрет кој изгледа топ. Неделно издвојува по 4 или 5 дена за вежбање, а не е за „хардкор“ мачење во теретена, туку често вежба дома. Со себе секогаш има тегови за нозете кои ги става околу глужновите, дури и ги носи со себе и кога патува. Кога има време, едноставно ја зема простирката за вежбање и почнува со тренингот. Како тоа изгледа, сподели во видеото. Освен вежбањето, секогаш нагласува колку исхраната е важна и дека едното без друго не оди.


# Кендис Сванепоел

Една од иконите на модните писти, Кендис Сванепоел, има тело какво би сакала секоја девојка да има. Ова е уште еден модел кој како главен дел од тренингот и е боксот. Боксирањето е добро за секој дел од телото, а со овоие вежби, ги јакнеш и мускулите. Дури и кога официјално не вежба во теретената или со тренер, а има време, Кендис едноставно оди да трча на плажа. Покрај боксот и трчањето, во својата рутина внесува и различни вежби, од пилатес и јога до кревање тегови и вежби со топка. На вежбање дневно троши и по 75 минути, а вежба два дена по ред со еден ден пауза и така во круг.

# Џозефин Скривер

Џозефин во интервјуата откри дека отсекогаш била активна, а кога започнала да се занимава со моделинг, тоа и годело. Сепак, одреден период и требал за да ги пронајде вежбите и рутините кои би и помогнале на неа и нејзиното тело, онака како што таа сака. Кревањето тегови го откри како нешто што многу и помогнало во обликувањето на телото. Покрај тоа, редовно има и кардио тренинзи. И таа исто така во своите тренинзи има бокс и елементи на бокс, а сака и да планинари. Покрај ота, обожава да прави и тренинзи за издржливост, а за да биде мотивар често вежба во пар со пријателка.

Можеби ќе ве интересира: