И тие се луѓе: Најголемите фобии на познатите

И тие се луѓе: Најголемите фобии на познатите

Објавена во: Музика, Филм

Исто како што секој од нас се плаши од нешто, на пример пајак, висина или кловн, фобиите не ги одминуваат и познатите личности.

# Страв од летање

Оваа фобија е една од најчестите во светот, а дека на летањето со авио не можеше никако да се навикнеме, докажаа и нашите омилени ѕвезди. Таков страв имаат познатата пејачка Шер, Тони Куртис и Вупи Голдберг. Од летање се плашеше и кралот на поп музиката Мајкл Џексон.

# Страв од кловнови

Со ирационален страв од кловнови се соочуваат многу луѓе, а помеѓу нив се Џони Деп, Даниел Редклиф и Пи Диди.

# Страв од висини

Наводно, оваа фобија ја имал Густав Ајфел - дизајнерот на Ајфеловата кула. Сепак, да се вратиме во поновата историја, со овој страв се соочуваат Вуди Ален, пејачката Шерил Кроу. Покрај стравот од висина, Вуди признал дека се плаши и од инсекти и кучиња, а исто така бил и клаустрофобичен.

# Фобија од мачки

Низ историјата е добро познато дека Наполеон Бонапарта се плашел од мачки, а големи имиња од историјата како што се Цезар, Мусолини, Адолф Хитлер, Вилијам Шекспир и Александар Македонски го имале овој страв.

# Страв од јавен настап

Може ли да поверувате дека од оваа фобија патела познатата Мерлин Монро? Покрај неа, страв од јавен настап има и актерката и пејачка Барбара Стрејсенд.

# Страв од вода

Мајкл Џордан се плаши од океан, а Кармен Електра ја презира секоја длабока вода, бидејќи не знае да плива. Сепак, тоа не го спречило да глуми во „Чувари на плажа“. Вистински професионалец, зарем не?

# Страв од животни

Ѕвездата на „Самрак“, Роберт Патисон се плаши од коњи, односно се стравува од тоа дека коњот може да го изгази. Никол Кидман се плаши од пеперутки, додека Џастин Тимберлејк има фобија од змии и пајаци. Скарлет Јохансон се плаши од бубачки и птици, а Бритни Спирс мрази големи рептили и гуштери.

# Страв од мрак

Верувале или не, но холудскиот лик Кијану Ривс се плаши од мрак. Во оваа фобија му се придржува и колешката Меган Фокс, која пропратно има страв и од хартија и сите хартиени предмети, а исто така не и се омилени ниту велосипедите.


Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: