Идеи за подарок за роденден во последен момент

Идеи за подарок за роденден во последен момент

Објавена во: Мода // In and Out

Се случило кај скоро  секој од нас во последен момент да избере подарок.  Честопати  е тешко за нас да сфатиме како да му угодиме на славеникот.  Доколку и вие немате сеуште идеа за подарок а сте поканети наскоро на роденден еве неколку корисни совети.

Шише вино

Шише вино или шише виски со панделка за да изгледа повеќе стилски. Можете исто така да изберете полесен алкохол, како што се ликер или шампањ.

Цвеќиња

Речиси секоја жена сака цвеќиња. Ако ги знаете нејзините вкусови уште подобро. Ако отстапувате од најкомерцијалното, можете да ја импресионирате уште повеќе. И, зошто да не ги донесеме во убава корпа или некое поинтересно пакување?

Чоколадца

Да, точно е дека ако поводот е роденден или именден, чоколадото е добар избор за подарок, ако ја земете кутија со скапи или омилени бонбони ќе биде уште подобро.

Торта

Можете и лично вие да ја направите тортата , но може и да ја купите.  И во двата случаи нема да погрешите. Исто така, обрнете внимание на формата - според хобито и интересите на личноста.  

Накит

Малку поскап подарок, но индивидуалниот вкус е многу важен. Може да купите ѓердан, обетки, нараквица или прстен. Со камења, без камења, со индивидуално писмо, со писмо или со иницијали, ако сте двојка.

Листата за подароци за роденден е долга, но доколку одлучите да приредите  Вие забава наместо славеникот и истата да биде изненадување а него нема да погрешите, тој роденден славеникот ќе го памети засекогаш.

Исто така, и ваучер за СПА е еден малку поскап но посебен подарок, во кој можете да уживате двајцата.

И ако изберете патување нема никако да погрешите, мислам дека не постои човек на планетава кој не би сакал да отиде некаде за викенд.


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: