Идеја за летна маичка: Од хулахопки направила модно парче кое изгледа подобро отколку што мислиш (ВИДЕО)

Идеја за летна маичка: Од хулахопки направила модно парче кое изгледа подобро отколку што мислиш (ВИДЕО)

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Сѐ што ти е потребно се ножици и стари дебели хулахопки...

Зошто не ги пренамените работите што повеќе не ги носите? Ако имате стари хулахопки, од оние дебелите кои се носат во зимо, а веќе не ги носите или имаат дупки на прстите - не ги фрлајте! Направете маички од нив.

Никогаш не би кажале дека ќе направете летно модно парче од хулахопки, но дојде и тој ден. Не е првпат на социјалните мрежи да гледаме како девојки прават маички од стари хулахопки, а сега на тоа, тоа е идеален проект за сите оние на кои им е здодевно. Не ви треба ништо друго освен ножици и стари хулахопки. Не оние тенките, туку подебели што се носат во зима. Воопшто не е важна бојата и дали имаат дезен. Всушност колку се полуди, толку подобро ќе изгледа финалниот производ. Дина имала сини, а во своето видео чекор по чекор покажа како го направи своето ново омилено модно парче.

@dinadimitrijevic

ja pravila za sebe pa kao ajde da snimim

som original - aguirra

Нејзините дури не се ни проѕираат! Никој не би се посомневал дека станува збор за хулахопки. Треба да се пресечат на стратешки места за да се создадат пресечени ракави. Еден корисник напиша во коментар дека маичката има „2015 vibe“. Дефинитивно не е нешто што ќе го носите секој ден, бидејќи има долги ракави, но е идеално за летните ноќи. Особено, ако одите на некои луди забави покрај море. Многу лесно ќе го направите, само следете ги чекорите на Дина.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: