Идните родители покажаа како уживаат: Бремената Анастасија Ражнатовиќ сподели емотивен момент од Севиља (ВИДЕО)

Идните родители покажаа како уживаат: Бремената Анастасија Ражнатовиќ сподели емотивен момент од Севиља (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Сончевиот ден го искористија за прошетка...

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ наскоро ќе се оствари како мајка. Прекрасната вест за приновата ја соопшти на 28 април преку социјалната мрежа Инстаграм, каде објави фотографија со својот партнер, фудбалерот Немања Гудељ.

„Љубов наша, едвај те чекаме“ - напиша младата пејачка, додека позира додека се држи за стомакот, кој веќе ѝ се познава под тесниот, црвен фустан.

Деновите од бременоста Ражнатовиќ ги поминува во Севиља, каде моментално ужива со Немања. Кога нема натпревари и тренинзи, Гудељ слободното време го поминува со својата драга, а таа сега сподели еден емотивен момент.

Низ кратко видео, Анастасија покажа како се шета по улиците во Шпанија, додека за рака ја држи нејзиниот парнтер. На сето тоа додаде само едно срце и го означи својот сакан.


За потсетување, Ражнатовиќ би требало да се породи кон средината на септември, а на свет ќе донесе ќерка.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: