Илина го храни Бамби и цела фамилија елени и срнички: Сара и Димитар им приредија неверојатно искуство на децата, во Берово
Првото патување на малиот Кирил со семејството - дестинацијата е Берово.
Водителот Димитар Атанасовски и неговата сопруга, пејачката и харфистка Сара Мејс, отпатуваа во убавото Берово заедно со двете деца - Илина и Кирил.
Како и секогаш, семејството ги документира најубавите и најинтересните заеднички моменти и повторно покажуваат дека се едно преслатко, преинтересно и хармонично семејство.
За оваа кратка семејна екскурзија велат дека е неверојатно искуство кое го доживеале, а за тоа зборуваат и фотките и видеата кои ги објавија Димитар и Сара.
На нив ја гледаме Илина која е пресреќна додека им дава храна на елените и срничките.