Им дозволи на фановите да ги покажат своите таленти: „Еве ме пак“ во креативна карантин верзија
Младата пејачка Александра Јанева реши да направи нова верзија на нејзниот сингл кој ги освои сите, „Еве ме пак“. Во оваа идеа и помогна 25 млади музички талнети, солисти и инструменталци, од кои дел се нејзини фанови.
Целиот нов инструментал од фановите е комплетно снимен во домашни услови, со телефони, а истиот е објавен на социјалните мрежи на пејачката.
„Сакам да ги слушнете, не поради тоа што свират и пеат моја музика, туку затоа што се мултиталентирани и нестварно слатки!“ - вели Александра за овој проект снимен во услови на самоизолација.