Им се допаднале нејзините реклами за јогурт: Принцот Хари и Меган Маркл го сакаат соработникот на една од „најжешките“ жени на светот

Им се допаднале нејзините реклами за јогурт: Принцот Хари и Меган Маркл го сакаат соработникот на една од  „најжешките“ жени на светот

Објавена во: Живот // Живот

Принцот Хари (36) и Меган Маркл (39) сакаат да го ангажираат бизнис гуруто кој соработува со пејачката Никол Шерцингер (40).

Имено, двојката се обидува да го „земе“ советникот на пејачката на „Pussycat Dolls“, Оливија Аилинга (30) како свој постојан деловен советник.

Оли беше од пресудна важност за остварување на профитабилните бизниси на Никол, вклучувајќи го и рекламирањето на јогуртот „Muller Corner“ и витамините „Perfectil“ и ѝ помогна да добие богатство до 10 милиони фунти.

Оли со пејачката работеше скоро 7 години како нејзин менаџер, но неодамна во Калифорнија разговараше со принцот Хари и Меган Маркл за можна соработка.

Инаку, тие веќе потпишаа договор вреден 112 фунти со Нетфликс и 30 милиони фунти со Спотифај за нивнито подкаст. Покрај стравот на Бакингемската палата дека двојката ќе го уновчи својот кралски статус, тие продолжуваат со бизнис плановите во САД и ширум светот.

Извор близок до нив откри:

„Хари и Меган брзо го шират своето деловно царство и сакаат најдобрите соработници да им помогнат во тоа. Оли Ајлинг беше клучен во водењето на кариерата на Никол, заработувањето на пари и одржувањето на медиумско внимание, так ашто се смета за своршен кандидат.“

фото: Tanjug/AP

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: