Има 15 години, а заработката и е мега висока: Се што треба да знаете за Мили Боби Браун

Има 15 години, а заработката и е мега висока: Се што треба да знаете за Мили Боби Браун

Објавена во: Филм, Таленти

Таа вреди милиони, а до неодамна сигурно немавте слушнато за неа.

Иако порано имаше помали улоги во други серии, Мили се прослави кога ја доби улогата Eleven, во серијата „Stranger Things“.

Уште во првата сезона на оваа серија, беше јасно дека нејзината ѕвезда ќе биде на врвот. Поминаа три години од премиерата на „Stranger Things“, а Мили си го осигура местото во Young Холивуд. Мили има многу работа, па не е ни чудо што џебовите и се полни. Има само 15 години, а веќе заработува милиони. Откријте се што би требало да знаете за нето вредноста на Мили Боби Браун.

Иако Мили имаше помали улоги како што се оние во сериите „Once upon a time“ и „Grey's Anatomy“ , не започна да добива голема сума на пари додека не ја доби улогата на Eleven. Според Deadline, Мили наводно заработувала околу 30 милиони долари по епизода, но заедно со целата актерска екипа е договорено да се плаќаат износи помеѓу 200 и 250 илјади долари. Тоа околу чевртина милион долари од епизода.

Нејзините улоги на теливизија и ги отворија вратите на Мили за нејзинита прва улога во играниот филм 'Godzilla: King of the Monsters'. За својата улога во филмот добила половина милион долари и ќе се врати во продолжението на филмот. Мили го проширува својот филмски репертоар, па ќе глуми и во филмската адаптација на книгата 'The Thing About Jellyfish' од Али Бењамин. Таа ќе глуми и продуцира во филмската адаптација на серијата книги 'The Enola Holmes Mysteries'.

Не само што може да глуми, туку потпиша договор за моделинг. Како модел дебатираше во 2017 година кога соработуваше со Calvin Klein. Исто така, во 2017 година Мили потпиша договор за компанијата IMG Models. Потоа во 2018 година учествуваше во кампањата за облека на Moncler.

Нејзината работа со брендовите не завршува тука. Мили се појави и во реклама за Citigroup, а од неодамна работи и патиките Converse. Таа дури соработувала со видео игри. Во 2018 година соработувала со EA Games на 'The Sims 4'.

Мили има само 15 години, а веќе си ја осигура својата иднина - како на финансиски, така и на професионален план. 

Објавена во: Филм, Таленти

Можеби ќе ве интересира: