Има церебрална парализа, но физичкиот хенкидеп не ѝ е пречка: И претседателот Пендаровски воодушевен од талентот на уметницата Вероника (ФОТО)
Младата уметница Вероника Љоровска не дозволила физичкиот хендикеп, предизвикан од церебралната парализа да ѝ биде пречка во остварувањето на соништата.
Оваа 27-годишна девојка ја имаше својата прва самостојна изложба, насловена „Мојот свет во боја“.
На изложбата гости беа и претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска. Од таму, тој сподели фотографии на својот Фејсбук профил и јавно ја пофали младата уметница, која е пример за тоа дека по ниту една цена не треба да се откажуваме од соништата.
„Младата Вероника Љоровска зрачи со позитивна енергија којашто ја има преточено во цртежи и дела изработени во повеќе техники коишто беа претставени на нејзината прва самостојна изложба.
Нејзиниот ентузијазам, креативност и желба за усовршување, се двигател кој не дозволува физичката попреченост да ѝ биде препрека во остварување на нејзините соништа.
Честитки за првата изложба на Вероника, ѝ посакувам многу успеси во иднина!“ - напиша претседателот на својот профил на Фејсбук.
фото: Фејсбук