Има фустани кои чинат милиони, а го избра ова: Сите гледаа во Ријана кога се појави на забавата по Оскарите
На пејачката очигледно е дека не ѝ недостасувале свечените фустани, па се одлучи за потполно поинакво издание...
Она што ќе го науми, тоа го прави.
Впрочем, кој би можел да го направи тоа подобро од неа? Го спојува неспоивото, го комбинира она што на нас никогаш не би ни паднало на памет и изгледа прекрасно, без разлика дали тоа ни се допаѓа на нас или не.
И овој пат, се реши да направи онака како што сака.
Иако во плакарот има фустани кои чинат и по милиони долари, р'н'б дивата се одлучи за несекојдневно издание. Впрочем, со оглед на тоа што и самото доделување на Оскарите се одржа во еден потполно поинаков амбиент, на Ријана очигледно не ѝ недостасуваат свечените фустани во кои се скоцкаа други познати личности.
Својот стил го демонтрираше на забавата по Оскарите, каде се појавија и оние кои присуствуваа и оние кои не беа на церемонијата на доделувањето. Во хотелот „Sunset“ каде се одржа една од забавите, додека останатите ѕвезди „блескаа“ во раскошни ткаенини, Ријана се појави во фармерки, маица со настпис и широка јакна, со марама на главата и жолти очила.
.@rihanna was spotted at Sunset Tower Hotel’s #Oscars party in LA last night. pic.twitter.com/Q0FEGjTJh7
— FentyStats.com (@FentyStats) April 26, 2021
Едно е сигурно - не сме сигурно кој друг би можел да го изнесе ова толку добро како неа.
фото: Profimedia