Има ли подобро? Со најубавите зборови „Те сакам“: Лара му честиташе роденден на момчето
Младата пејачка Лара Иванова, му честиташе роденден на нејзиното момче Александар со колаж фотографија на Инстаграм.
„Роденденско момче, те сакам“, напиша Лара.
Фотографиите се од најразлични моменти на Лара и Александар кои ги поминале заедно.
Инаку момчето на Лара е виолинист, кој студира во Словенија и со пејачката се во емотивна врска три ипол години.
Лара изминатата година беше актуелна по нејзиниот голем
хит „Бела“ кој го отпеа заедно со Пајак на „Макфест“. Нивната песна беше
прогласена за најслушана песна на фестивалот.
Популарноста на песната на Лара и донесе и голем број настапи низ нашата земја.