Има само 12 години и неверојатен талент: Запознајте го момчето кое ги сихронизира Мемо и Џан

Има само 12 години и неверојатен талент: Запознајте го момчето кое ги сихронизира Мемо и Џан

Турската серија „Близнаци“ беше хит помеѓу сите генерации. Буквално ја гледаа од деца до возрасни, а авантурата на Мемо и Џан беа секојдневие на сите.

Во оригиналот еден актер ги игра двете улоги, а тоа e 14 - годишниот Емир Берке Зинџеди, кој на сите ни е многу добро познат по неговите претходни улоги во серии. Тој во оваа серија успеа да долови два различни карантери, оној на Мемо кој е апсолутен авантурист, борец за правата, но и малку мрзелив за училишните обврски и оној на Џан кој е апсолутна спротивност. Џан е бубалица, културен, мирен.

Но, пред овој предизвик не се најде само малиот Емир. Сихронизацијата на македонски јазик исто така ја правеше едно момче. Станува збор за 12 - годишниот Димитар Христовски, кој успеа со својот глас најдобро што може да ни ги доближи ликовите на Мемо и Џан.

Тој за Џангл ТВ, вели дека сихронизацијата не му претставувала никаков проблем и дека истата му претставувала задоволство

„Сѐ зависи од тоа дали си добар во синхронизирање или не. За мене тоа е многу лесно, но за други кои што се неискусни може да им биде голема потешкотија.“

Димитар, исто така истакна дека од целата серија најмногу му се допаѓаат различностите на двата лика, но сепак го одбра Мемо, поради неговите емоции што константно ги покажуваше за време на серијата.

Иако на серијата и дојде крајот, Димитар е подготвен за нови авантури во светот на сихронизацијата, но исто така и за целосна глума. Ние му посакуваме многу среќа на ова младо и талентирано момче.


Можеби ќе ве интересира: