Има само 13 години и шанса да освои олимписки медал: Скејтбордерката Скај Браун е во британскиот тим

Има само 13 години и шанса да освои олимписки медал: Скејтбордерката Скај Браун е во британскиот тим

13-годишната Скај Браун е најмладата учесничка на Летните Олимписки игри од Велика Британија на сите времиња, а е избрана во скејтборд тимот.

Браун се квалификуваше на основа на светската ранг листа во јуни и на почетокот на јули помина низ форманиот процес на изборот.

Таа ќе се натрепварува во Олимписките игри во Токио и моментално е на третото место во светот.

Ова е првпат скејтбордингот да се појави на Олимписките игри, кои би требало да започнат утре, на 23 јули.

Добитничката на брозен медал на Светското првенство за 2019 година и првата жена која го постигна трикот „фронтсајд 540“, Бомбете Мартин (14) исто така му се придружи на британскиот тим.

Мартин, која е родена во Њујорк, се вброи помеѓу 20 - те скејтбордерки кои исто така се квалификуваа за дисциплината парк на основа на светската ранг листа.

„Не можев да замислам подобри спортистки, кои би биле амбасадори на британскиот тим во овој нов возбудлив олимписки спорт и им посакуваме многу среќа на Скај и Бомбет“ - кажа шефот на британскиот тим Марк Ингланд.

Инаку, Браун со скејтбординг започнала да се занимава учејќи трикови преку канал на Јутјуб, а има потенцијал да стане најмладата освојувачка на олимписки медал во последните 85 години.

Уметничката лизгачка Сесилија Колеџ ја претставуваше Велика Британија на Зимските олимписки игри во Лејк Плесид во 1932 година на 11-годишна возраст, рекорд што Браун можеше да го собори доколку Игрите не беа одложени во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот.


Можеби ќе ве интересира: