Има само 21 година, а е најинтелигентниот српски актер: IQ-то му е 156, член е на Менса и девојките лудуваат по него (ФОТО)
Има 21 година, а веќе ги освои срцата на театарската, телевизиската и филмската публика!
Младиот спрски актер Лука Грбиќ (21), својата прва улога ја оствари во филмот „Јужни ветар“, каде застана рамо до рамо со Богдан Диклиќ и Милош Биковиќ. Лука моментално е еден од најталентираните и најперспективните актери од помладата генерација.
Кога се снимаше првиот дел од „Јужни ветар“ имаше само 18 години, и беше матурант во Првата белградска гимназија, а истовреме беше студент на Факултетот за драмски уметности. Потоа, следуваа улогите во сериите „Бисер Бојане“, „Кошара“, додека моментално го гледаме како Иван Томовиќ во популарната серија „Тајна винове лозе“.
За својата прва улога во филмот „Јужни ветар“ доби награда за дебитант на годината на фестивалот „Филмски сусрети“ во Ниш.
Во едно интервју раскажа дека искористил еден трик на кастингот за улогата во филмот, лажејќи дека знае да вози кола, за да ја добие улогата.
„Од страв одговорив дека знам да возам. Не почувствував тежина од таа безопасна лага, додека не требаше да возам автомобил. Режисерот Милош Аврамовиќ ми кажа дека денес ќе снимаме сцена во која ќе возам автомобил. На Интернет пребарав како се вози автоматик. За некое чудо одеше добро. За среќа, имав помош од каскадерот, кој ми кажа да се смирам“ - кажа тогаш Лука.
Меѓутоа, малку кој знае дека тој е најпаметниот српски актер. Имено, кога се запишувал во средно училиште, Лука почна да волонтира во „NTC“ Центарот и таму дознал за Менса. Тоа е организација која ги собира луѓето со исклучително висок степен на интелигенција. Лука го направил тестот и стигнал до IQ 156, како што кажа во едно интервју, до онаа граница до која се прави овој текст. Така станал член на Менса.
„Да. По уписот во средно училиште, почнав да волонтирам во „NTC“ Центарот. Преку основачот на оваа програма, Ранко Рајовиќ слушнав за Менса. Одлучив да се обидам. Ниту еден резултат не би ме поразил. Првиот пат не поминав и ми недостасуваа три бода. Знаев дека следниот пат ќе биде подобро и остварив резултат од 156, до границата до која се мери овој тест. Заминав на првиот состанок и запознав многу интересни луѓе“ - кажа младиот Лука Грбиќ.
фото: Принтскрин / Инстаграм