Има само 8 години, а крева тегови по 3 часа на ден: Неговата мајка вели дека е горда
Џејн Тингл е вистинска вљубеничка во фитнесот, а љубовта кон вежбањето ја пренела и на својот 8 - годишниот син. Иако е за пофалба што го промовира здравиот живот и физичката активност, многумина сметаат дека оваа мајка сепак претерува во тоа.
Таа љубовта кон вежбањето ја пренела на својот син уште додека малиот Блејз бил бебе, постојано го носела во теретана и му го покажувала светот на фитнес.
Џејн во описот на фотографијата открила дека нејзиниотт син е посветен на вежбањето, по тоа што станува во 5:30 наутро за да крева тегови. Тој воедно одбива да гледа цртани, а единствена забава гледа во кревањето тегови, истегнувањето и прескокнувањето на јаже.
Момчето толку напредувало досега што без проблем крева скоро 60 килограми, добил извајани мускули на рацете, а многумина велат дека тој е убедливо најсилното дете во Англија.
Неговата мајка е горда, иако многумина ја осудуваат затоа што дозволува синот уште во рано детство се занимава со овој спорт. Таа истакнува дека нејзиниот син е потполно здрав...
„Некои мајки ме критикуваат, велат дека теговите ќе влијаат на коските и на растот и дека тоа не е нормално. Јас сум квалификуван личен тренер и ништо не форсирам, Бејз тоа самиот го сака, а јас сум тука да му ја покажам најдобрата техника и правилно да ја ограничувам тежината која ја крева. За време на изолацијата поради пандемијата, градината ја претворивме во теретана, а Блејз и тогаш самиот се будеше в зори за да вежба, по што учиме, бидејќи знам дека и тоа е важно“ - објасни Британката.